Политичарите и денеска ќе бидат активни во загрозените подрачја на охридско-струшкото крајбрежје.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски денеска ќе го посети селото Пештани, каде, како што е најавено, со жителите ќе разговара за алармантната ситуација предизвикана од поплавите.

Политичките ривали од ВМРО ДПМНЕ за денеска во Охрид најавија нова прес конференција, речиси во исто време кога лидерот на СДСМ  ќе биде во Пештани каде е најавена и изјава за медиумите.

OhridNews