Претседателот на Р. Македонија, Бранко Црвенковски, во недела во катедралната црква Света Софија ќе го одликува со орден од Прв ред, поглаварот на Македонската православна црква-МПЦ, неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, орденот на поглаварот Стефан ќе мУ биде врачен по повод јубилејот 40 години од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ.
Г.М.