Под покровителство на Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, а по повод Светскиот ден на толеранцијата и Европската година на дијалог помеѓу различните култури, во Охрид денеска се  одржува Конференција на тема: “Македонската мултиетничност-предизвик на сегашноста и иднината”.

На конференцијата која е дел од манифестацијата „Денови на пријателство“ учествуваат претставниците на невладини организации, на дипломатскиот кор во земјава, ученици од повеќе средни училишта со мешан етнички состав, како и истакнати личности од научниот и општествениот живот, а целта е да се промовира дијалогот како клуч за меѓусебното разбирање и почитување.Учесниците ќе дискутираат за мултиетничките и мултикултурни -Европски вредности на Република Македонија, како и  за образовниот систем и мултикултурата во Македонија.

Попладне учесниците на конференцита во придружба на претседателот Црвенковски ќе ја посетат црквата “Св.Богородица Перивлепта” во Охрид и ќе ги разгледаат културно-историските знаменитости на градот.

оohridnews