На покана на Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, во дводневна официјална посета на Република Македонија (12 и 13 јули 2007 година) ќе престојува Австрискиот Сојузен Претседател, Н.Е. г-дин Хајнц Фишер.
Австрискиот Претседател Фишер посетата ќе ја реализира во Скопје и во Охрид. Во Скопје, на 12 јули, двајцата Претседатели ќе остварат средба со група австриски и македонски стопанственици со цел интензивирање на економските релации и инвестициските можности на двете земји.
Во Охрид, Австрискиот Претседател Фишер ќе присуствува на свеченото отворање на 47-то “Охридско лето”, чиј покровител е Претседателот Црвенковски.
Во петок (13 јули), двајцата Претседатели ќе ја посетат галеријата на икони и црквата “Св.Богородица Перивлепта”, по што ќе следи и прошетка низ центарот на градот.
Г.М.