Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, денеска во вилата „Билјана“ во Охрид ќе оствари средба со судиите од Уставниот суд на Република Македонија.
На средбата ќе бидат разменети мислења за актуелни прашања поврзани со работата на двете институции, а детаљите ќе бидат соопштени на прес конференција.
Средбата со судиите од Уставниот суд е дел од серијата разговори на претседателот Црвенковски со претствници на институциите што тој ги остварува во Охрид.