Бранко Црвенковски е старо-нов лиодер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – СДСМ. Тој едногласно е избран за претседател на партијата на денешниот деветти партиски Конгрес што се одржа во Скопје.

Црвенковски кој беше единствен кандидат за претседател на СДСМ, доби поддршка од присутните 601 делегат на партискиот  Конгрес.

Покрај изборот на претседател делегатите на конгресот ќе расправаат  и по извештајот за претседателските и локални избори за 2009 година.

Се очекува Црвенковски во наредните денови да го предложи новиот состав на централното раководство по колективната оставка на в.д. претседателството неодамна.

Ohridnews