СДСМ конгресот за избор на претседател на партијата ќе го одржи на 24 мај, потврди Централниот одбор на партијата на состанокот што вчера се одржа во Скопје. На конгресот ќе се формализира враќањето на Бранко Црвенковски на чело на партијата.

Времениот претседател на СДСМ, Зоран Заев, очекува да биде дел од потесното раководство, каде според него треба да има место и за поранешните претседатели на партијата. “На СДСМ сега и се потребни сите на купче“ – фигуративно се изрази Заев по седницата на Централниот одбор. Тој очекува СДСМ да го промени начинот на делување и да излезе со конкретни мерки и активности кои ќе го зголемат нејзиниот рејтинг.

На седницата на  Централниот одбор биле разгледани резултатите кои ги постигна партијата на локалните избори, кои биле оценети како мал напредок во однос на вонредните парламентарни избори. По седницата СДСМ со коктел го одбележа 18-от роденден.

Ohridnews