Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски откако го оствари правото на глас на изборите изрази надеж дека денешните избори ќе бидат демократски и фер, по што државата ќе се зафати со решавање на сериозните проблеми.
– Како народ и како држава се соочуваме со навистина големи сериозни проблеми, тие чекаат на своето решавање и најмалку што ни е потребно во овој момент се избори со дамка или претседател или градоначалници со нецелосен кредибилитет или легитимитет. Сепак да се надеваме на најдоброто, изјави Црвенковски.
Црвенковски: Се надеваме на најдобро