Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски им додели „Медал за заслуги за Македонија“ на македонските репрезентативци Врбица Стефанов, Горан Пандев, Вели Мумин, Кире Лазаров, Наталија Тодоровска и Драгана Пецевска за афирмација на спортот во земјава и на меѓународно ниво.

Во обраќањето пред присутните, претседателот Црвенковски рече дека денешните добитници на „Медал за заслуги“ се почитувани по играта и однесувањето во и надвор од теренот.

OHRIDNEWS