Овој марш покажа дека Македонија е горда и чекореше за својата иднина, изјави денеска лидерот на опозициската СДСМ, во обраќањето пред учесниците на протестниот марш, кои се собраа пред републичкото Собрание, јавува „Макфакс“.

 „Не се помируваме со бедата и сиромаштијата“, порача Црвенковски, при тоа додавајќи дека најголемите криминалци во земјава се покажуваат како демократи.

Според лидерот на СДСМ, Македонија трпи порази на секое поле, а актуелната власт свесно и смислено го подели целиот народ.

 Црвенковски рече дека Груевски врши притисок врз сите институции, со цел да се спроведуваат неговите политики.

Според  СДСМ, на маршот учествувале околу 50.000 луѓе, бидејќи биле организирани преку 600 автобуси за превезување на сите оние што сакале да учествуваат.

OhridNews
извор: „Макфакс“