СДСМ за  4-ти декември најави општо-народен протест, на кој, како што истакна претеседателот на партијата, Бранко Црвенковски, граѓаните ќе го изразат својот револт против власта.

Според него случајот со А1 телевизија покажал дека Македонија е киднапирана држава од еден човек и оти два милиони граѓани се заложници на тој човек.

– За жал, тоа е вистината, тоа е реалноста. Оваа заложничка драма конечно мора да се реши. Одлуката е во рацете на народот, во рацете  на нас граѓаните. Никој од нас сам не може ништо да направи. Сите заедно можеме се да направиме. -рече Црвенковски.

Тој истакна дека СДСМ ја дава оваа иницијатива ја дава ама не ја присвојува и дека партијата ќе помогне во организацијата на  протестниот марш кој ќе биде општонароден.

OhridNews