Тивката економска блокада на Грција кон Македонија е погрешен потег, изјави во Охрид претседателот на државата Бранко Црвенковски.
Мерките кои Грција ги презема во различни области нанесуваат штета не само на македонската економија туку и на односите помеѓу двете земји, смета Црвенковски. „Она што би било погрешно е да дозволиме и во Македонија да се создаде некаква хистерична атмосфера врз основа на која би генерирале некакво антигрчко расположение, односно сметам дека не е во наш интерес на една погрешна политика да одговориме со погрешна политика“, рече Црвенковски. Според него заеднички интерес е двете земји да направат напори состојбите и страстите да се смират и да продолжи соработката помеѓу луѓето и фирмите.
Не треба да се создава антигрчка атмосфера во земјата – Црвенковски