„Прашањето на Косово треба да се реши со Резулуција на Обединетите нации“, е ставот на македонскиот претседател Бранко Црвенковски што тој го изнел на средбата со претседателите на Хрватска, Стипе Месиќ и на Србија, Борис Тадиќ, што се одржа на паузата од пленарната расправа на Самитот нна претседателите на земјите од ЈЕИ што што се одржува во Охрид.
„Кога не може да се постигне договор помеѓу Белград и Приштина најдобро е прашањето на Косово да се реши во Обединетите нации“, рекол Црвенковски.
Црвенковски на средбата го изнел познатиот став дека предлогот на Ахтисари е добра основа за решавање на косовското прашање бидејќи тој ги гарантира границите на Република Македонија, како и дека во идинина е потребно меѓународно присуство во Косово.
Хрвасткиот претседател се согласил со Црвенковски додека Тадиќ го повторил цврстиот став дека предлогот на Ахтисари е неприфатлив за Србија, потпирајќи се на поддршката од Русија.
Пленарната расправа на самитот во Охрид продолзува со излагања на претседателите на земјите од ЈЕИ.