„Без разлика на исходот од Самитот на НАТО, без разлика дали преговорите со Грција ќе завршат успешно или не, нашата цел е во ноември Собранието да се распушти и да излеземе пред граѓаните“ , рече лидерот на најголемата опозициска партија, Бранко Црвенковски.
Црвенковски рече дека тој и неговата партија знаат дека изборите пред ноември би биле погубни за иднината на земјата и дека такви избори не бараат и на такви нема да учествуваат.
Црвенковски ја осуди Грција дека ги злоупотребува своите права како членка на НАТО и ЕУ и како што рече, таа спроведува неправедна, недемократска и неевропска политика кон Македонија.
На митингот на СДСМ се обратија и Ѓорѓи Оровчанец, како претставник на опозицискиот фронт, архитектот Мирослав Грчев, Жарко Трајаноски од граѓанската иницијатива „Граѓани за европска Македонија“, Ивица Младенов претседател на „Хоризонт“, Дејан Гацев поранешен потпарол на ФЗОМ и претставници на млекарите и стечајците.
Извор: Makfaks