Било какви иницијативи за влади на национален спас или концентрациони влади се контрапродуктивни и за нас неприфатливи. Во овој период власта треба да работи и да ги решава проблемите, а опозицијата да врши притисок кон власта тоа да се случи, изјави денеска во Охрид, претседателот на Сосијалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски.

– Р. Македонија се наоѓа во една длабика политичка и економска криза. Се соочуваме со серизни тешкотии и проблеми кои што мора да се решаваат. ВМРО ДПМНЕ и Груески побараа и добија масовна подршка од страна на  граѓаните, имаат апсолутно мнозинство во Собранието, ја имаат владата, го имаат  претседателот на државата и најголем дел од градоначалниците низ Република Македонија. Со други зборови целокупната одговорност за решавање на тие проблеми лежи во нивните раце и ова е период во кој што тие треба да испорачаат резултати, истакна Црвенковски.


Тој ги демантираше обвинувањата на владејачката партија дека опозицијата прави лоши сценарија за Македонија, посочувајќи  дека тезата на ВМРО ДПМНЕ е неточна во еден дел.

-Неточна е во делот дека со било кого сме разговарале или имаме намера да правиме сценарија за предизвикување на криза. Точна е во делот дека ние се среќаваме не само со една партија од македонките или албанските политички партии, како што тие  ги нарекоа, туку се среќаваме со сите политичким партии и тоа е најлегитимен начин на функционирање. Притоа на тие разговори водиме дебата како да се избегне кризата, а не како да се случи кризата, бидеќји сметаме дека голем дел од политиките што ги води оваа влада водат кон тоа да се прдлабочува и политичката и економската криза во Македонија.

Лидерот на СДСМ, истакна дека и за него лично и за неговата партија било каква реконструкција на владата е ирелевентна работа  од едноставна причина што е сосема јасно дека клучниот генералниот курс на Владата и најважните политики ги креира самиот Груевски, додаде Црвенковски.

-Оттука не е важно кој ќе биде спроведувач на тие политики туку кој е оној што ги креира, а тоа е истата личност која тоа го правеше и досега, а за кои политики ние навистина сметаме дека во еден голем дел се погрешни и предизивкиуваат тешки последици по Македонија. Значи,  додека е Груевски премиер и додека тој ги држи сите конци во свои раце, ирелевантно е кој министри на кои места ќе се најдат, рече Црвенковски.


Одговарајќи на новинарско прашање, Црвенковски истакна дека не гледа амбиент и атмосфера во овој период  да се разговара и да се предизивкаат предвремени избори.

– На целокупната македонска јавност и е познато дека СДСМ се наоѓа во еден процес на сериозна консолидација, ние сме навистина посветени на тоа, правиме една радикална кадровска обнова на партијата, подготвуваме нова програма, ги менуваме методите на функционирање на партијата и наша задача и цел е да ја добиеме поддршката на граѓаните. Значи нам предвремени избори кои би се случиле само заради незадоволството од актуелната власт , а без реална понуда од страна на опозицијата не не интересираат. Во тој момент кога ќе ја имаме поддршката од страна на граѓаните за нашата програма и нашите кадри, избори сами ќе се случат, изјави  Црвенковски, кој денеска во Охрид присуствуваше на летниот камп на социјалдемкоратската младина.

Ohridnews