Во СДСМ има конфликт помеѓу лидерот на партијата и градоначалникот на Охрид, кои проблемот треба да го решаваат внатре, a не надвор од партијата, смета пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, според кого зад тензичните случувања на локалната политичка сцена деновиве стојат социјалдемократите.

– Во СДСМ има недоразбирања предизвикани од неможноста да се направи заеднички договор за интересите во однос на Охрид, кои што не се поврзани со доброто на граѓаните, туку се поврзани со интересите на одредени членови на СДСМ. Постои очигледен конфликт и се испраќаат разни пораки не само преку медиумите, туку и преку други форми на комуникација кои што ги видовме овие денови во Охрид кои што сметам дека се под секое ниво. Затоа би го повикал и г-нот Црвенковски и г-нот Петрески да си ги решаваат проблемите  во рамки на сопствената партија и да не го вовлекуваат ВМРО ДПМНЕ во своите проблеми, рече Николоски.

OhridNews