“Подготвен сум да разговараме за се, и за транзицијата, но и за преродбата и за фамилиите, и за патриотизмот, но најмногу сум подготвен да разговараме за тоа како да се решат проблемите на граѓаните“, рече Црвенковски.
Тој уште еднаш побара од Груевски да покаже храброст и да излезе на ТВ дуел, оставајќи притоа народот да процени кој е во право.
Црвенковски, истакна дека Македонија е првата земја во светот каде што власта организира протести против опозицијата.
Возврати ВМРО ДПМНЕ, спорд која, Црвенковски е нервозен затоа што по една година од неговото враќање во СДСМ нема никаква промена во поддршката и прифаќањето на политиките на оваа партија од граѓаните. Оттаму побараа Црвенковски да одговори за скандалите од времето на транзицијата.
– Тоа го нервира Црвенковски. Ние му ја разбираме нервозата и паниката во која се наоѓа, но не можеме да ја прифатиме како наш мотив за политико дејствување, изјави Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.
извор: Макфакс/Алфа