Денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, членовите на Мулти-култи студиото ќе ја изведат новата претстава за деца „Црвенкапа и Иванка“.
Улогите ќе ги толкуваат Ташко Лаброски, Ева Голабоска, Ирена Попоска, Никола Србиноски и Ангела Ангелоска, додека претставата е во режија на Ташко Лаброски.
Инаку, претставата е адаптирана од позната приказна, додека премиерата е закажана за 19 часот.
OhridNews