Општинската организација на Црвениот крст се дистанцира од иницијативата за организирана посета на гробот на прерано починатата музичка ѕвезда во Крушево на денот на неговиот роденден 25-јануари. Локалната пред неколку дена соопшти дека денеска почест со посета на гробот на Тоше Проески ќе направат волонтери на Црвениот крст, членови навивачката група „Рибари“ и делегација на општината. Непосредно пред роденденот на Тоше, Црвениот крст – Охрид со соопштение до јавноста демантира дека организацијата има било каква врска со иницијативата за посета на гробот на Тоше.

“Во врска со веста објавена во медиумите, а која се однесува на организирање посета на гробот на Тоше во Крушево на 25.01.2009 г. од страна на неколку организации и здруженија, меѓу кои се спомнува и Црвен крст Охрид, ја демантираме истата и ве известуваме дека Црвен крст Охрид со ништо и на ниту еден начин не е вклучен во организација и реализација на посетата на гробот на Тоше“, се вели во сооштението на Црвениот крст – Охрид.

Дали се работи за недоразбирање, или нешто друго засега останува непознато.

Ohridnews