Папагал кој и го свртел вниманието на својата сопственичка, кога нејзиното дете започнало да се гуши прими награда од американскиот Црвен крст. Папагалот Вили со својата Сопственичка Меган Хауард минатата година ја чувале малата Хана.
Детето започнало да се гуши со храна во моментот кога Меган отишла во бањата, а Вили кога забележал дека детето е во опасност започнал да крика “мама бебе, мама бебе”. Меган дотрчала и со познатиот Хеимлихов зафат го спасила детето.
Американскиот црвен крст на Вили му го додели таканареченото признание “Animal Lifesaver”, кое се доделува на животни за давање помош на луѓе.
На врачувањето на наградата во Денвер присуствувал и гувернерот на државата Колорадо во САД.