По тој повод кај градското пристаниште каде ќе биде централната манифестација и фрлањето на светиот крст, ќе биде поставен пункт на Црвениот крст со лекарски тим и волонтерска екипа, кои ќе бидат подготвени да пружат неопходна помош доколку за тоа има потреба.
– Активностите се во насока на зголемување на безбедноста на оние кои ќе скокаат по крстот, но и на посетителите на целата манифестација, информираат од Црвениот крст- Охрид.