Црвен крст Охрид преку целата година од хумани луѓе од градот и околината добива користен текстил (облека и обувки). И покрај тоа што собраните материјали континуирано, преку целата година се делат на социјалните случаи, во моментов Црвениот крст располага со значителни количества на најразлична  облека за деца и возрасни која ќе биде поделена на јавна акција.

Акцијата ќе се спроведе од 19-ти до 21-ви април во периодот од 10 до 13 часот пред магацинот на Црвен крст, на ул. “Кленоец” (кај новата автобуска станица). Црвениот крст ги повикува сите раѓани на Охрид и околината кои што имаат потреба од користена облека и обувки, да дојдат и изберат од изложената облека.

OhridNews