Младите на Црвен крст Охрид на свеченост што се одржа во просториите на општинската организација, на лицата со посебни потреби од Здруженијата на слепи и на глуви и наглуви лица од Охрид им врачија скромни подароци.
Подароците (музички систем, звучни и други видови медицински помагала и опрема) беа обезбедени од продажната акција што младите на Црвен крст-Охрид во април ја реалзираа во соработка со пекарите од Охрид и Дебарца.
скромни подароци за лицата со посебни потреби
Ова е наш мал придонес во обидот овие лица да го добијат соодветното внимание и помош од заедницата и да бидат прифатени како рамноправен дел од неа, истакнаа на свеченоста младите активисти на Црвен крст.