Денеска од 21 часот во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, започнува ревијата на македонски филмови од Столе Попов.

На летната сцена ќе биде прикажан филмот „Црвениот коњ“, додека во наредните денови ќе бидат пројектирани „Среќна нова 49-та“, „Gipsy magic“, „Тетовирање“, „Оган“, краткиот филм „Дае“ и „Австралија“.

Влезот е слободен, а ревијата ќе трае до 18-ти овој месец.

OhridNews