Толески кој лани како позајмен играч од Славија Прага шест месеци го носеше сино – белиот дрес на Сигма, преку ФФМ а потоа и преку ФИФА и УЕФА ќе испрати тужба до Сигма во која ќе ги бара своите 20.000 евра, сума која е договорена, а подоцна не е исплатена од страна на клубот.
– Деновиве ја преведувам тужбата и секако треба нотарски да ја заверам. Најнапред ќе ја доставам до ФФМ бидејќи немав менаџер тогаш, а потоа преку федерацијата ќе ги тужам во ФИФА и УЕФА за тие пари – вели Толески во изјава за дневниот спортски весник “Македонски Спорт“.
Од клубот пак велат дека парите нема да му бидат исплатени бидејќи тоа било сума со која напаѓачот бил казнет по добениот црвен картон на првенствениот натпревар против Браник. Тогаш тој доби шанса од клупата во 63 минута, при негатива од 1-0, а во финишот на мечот неговата екипа израмна, додека пак Толески во судиското надполнување заработи директен црвен картон.
Толески за време на својот шестмесечен престој во Сигма, настапи девет пати но не успеа ниту еднаш ја затресе противничката мрежа.