Политичката битка во Охрид, во која не се бираат средства продолжи со поставување билборди со иронична содржина за посетата на градоначалникот Александар Петрески на Австралија, кои неколку часа по поставувањето беа испрскани со спреј. Кој е нарачателот на билбордите, но и на нивното “уништување“ може само да се претпостави. Впечаток е дека центрите на моќ кои ја “контролираат“ политичката пресметка во Охрид полека но сигурно ја преминуваат црвената линија во однесувањето.  И додека граѓаните стравуваат од надојденото Езеро, политичарите си ги мерат мускулите подготвувајќи се можеби за некаква поголема пресметка, во која очигледно Охрид е само колатерална штета.


Црвената линија е помината!