Европскиот фудбалски шампион, Шпанија  ќе гостува во Скопје на 12-ти август годинава, кога на пријателски средба, по повод прославата на свеченоста еден век фудбал во Македонија, ќе ги одмери силите со нашите најдобри фудбалери.


Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески договорот го постигнал со колегата од шпанската национална фудбалска куќа Виљар при средба на конгресот на УЕФА во Копенхаген.

При гостувањето на европскиот шампион ќе биде пуштена во употреба северна трибина на Градскиот стадион во Скопје, која е во изградба.

OHRIDNEWS