Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје претрпе пораз 66-71 (20-20, 9-20, 16-14, 21-17) од актуелниот шампион во АБА лигата, Црвена Ѕвезда во деветтата рунда од првенството.
По изедначената прва четвртина (20-20), гостинските кошаркари во втората успеаја да направат двоцифрена предност (40-29) добивајќи ја со 20-9.
„Сино белите“ во третиот период се вратија во игра откако ја намалија разликата на девет поени (45-54).
Во последниот квартал домаќините го стопија водството на гостинските кошаркари, но не го направија финалниот чекор до победата.
Искусните кошаркари во „црвено белите“ табор го искористија тоа и во Скопје ја забележаа седмата победа сезонава.
Ohridnews