Конечно дочекавме и македонската фудбаска репрезентација како фаворит да влезе во еден натпревар. Вечер на градски пристигнува селекцијата на Естонија која на ФИФА ранг листата се наоѓа на 125 место. Во тензична атмосфера влегуваме во овај натпревар кој едноствно мора да се победи. Победа во огромна мера би ја смирила тензијата околу репрезентацијата .
На вчерашниот прес Селекторот Катанец побара бара трпение и кредит за тимот на кој се’ уште му верува. Вечерва најавува нови имиња меѓу стартните единаесетмина, меѓу кои, покрај замените за „пожолтените“ Горан Пандев и Игор Митрески, ќе се најде уште некој од тие што во Москва останаа на клупата. Бранителот Николче Новевски и напаѓачот Горан Мазнов се алтернативите за пожолтените Пандев и Митрески. По серијата лоши резулатати селекторот е на тапет кај новинарите .
Договорот ми завршува во ноември. Тогаш се’ ќе ставиме на маса и ќе видам што понатаму. Морате и вие да бидете реални. Имам впечаток дека имате повисоко мислење за репрезентацијата отколку што е реално. Се’ што направивме беше на тенката линија ваму или таму – рече во самоодбрана Катанец, кој ја презеде селекторската должност на македонскиот државен тим во февруари 2006. Оттогаш Македонија одигра 13 средби, 8 квалификациски и 5 контролни. На официјалните има скор од 2 победи, едно реми и 5 порази, а на тестовите трипати победи и по еднаш ремизираше и загуби.
Наметнатиот притисок и непријатната атмосфера што се создава околу репрезентацијата, Катанец ја протолкува како барање за нов селектор.Последните потези со изведувачот на пеналот во Москва, за кој Катанец рече дека е демократски договор на играчите, како и дополнително повиканите репрезентативци, беа повод Катанец да одговара кој го составува репрезентативниот списокот.
Зад списокот и резултатите стојам јас. Катанец призна дека кога го презел тимот најавил само пласман на 4. позиција во групата, пред Израел, Естонија и Андора. Дека работите не се одвиваат во правец како што посакува Катанец сведочи и последниот испад со вербалниот дуел на репрезентативецот Величе Шумуликоски со еден од колегите-новинари.
Кога сте вие солидарни, и јас имам право да бидам со играчите. Не е во ред тоа што го направил. Не сум јас тој што ќе го казни. Запознат е Хари (претседателот на ФФМ – н.з.). Знам како треба, но за некои работи ми се врзани рацете. Изборот е толкав да не можеш да кажеш: Спакувај се и дома! Во репрезентацијата не се учиме. Немаме време за тоа – беше одговорот на Катанец.
Натпреварот вечер кој е од исклучителна важност за селекторот и неговата иднина на клупата на Македонија се игра во 20.30 мин. Ние ке го направиме своето ке бидеме кој на трибините на Градски кој пред малите екрани, и без разлика на сеж ке ја бодриме нашата најдобра репрезентација.
Напред Македонија ! ! !
Мирко Постоловски