Црвен крст Охрид во соработка со трансфузиолошката служба при Општа болница Охрид, под мотото “РАЗУБАВЕТЕ ГО ДЕНОТ, СЕБЕ СИ И НА ДРУГИТЕ – ДАЈТЕ КРВ”, за прв пат оваа година, ќе организира крводарителската акција “СКРЕБАТНО 2007”.

На денот на Св. Богородица, 28-ми август (вторник) од 08:00 часот, сите хумани граѓани можат да бидат дел од прославата на големиот празник. Во прекрасната природа на село Скребатно, кај црквата Св. Богородица, крводарители можат да учествуваат во акцијата – ДАРУВАЈТЕ КРВ.

Организаторот на акцијата на сите крводарители ќе им возврати со должно внимание, благодарност и скромен подарок за сеќавање на хуманиот гест.