Црвен крст Охрид како хуманитарна организација својата дејност во областа на социјалната заштита ја базира и на грижа за старите лица. Во таа насока и оваа  есен, традиционално, во рамките на одбележување на Неделата на грижа за стари лица од 17-23 ноември, Црвен крст Охрид под мотото „ЗА СОНЧЕВА ЕСЕН НА ЖИВОТОТ” организира активности посветени на нашите најстари сограѓани.

„Сите овие години се обидувавме на оние кои чекорат по патеката на сонцето да им подариме повеЌе сонце и радост. И овој ноември Ќе чукнеме на нивната врата со желба да бидеме со нив и подариме на нивната есен на животот, топлина на сонцето и пријателска рака“, велат од Црвениот крст.

 Предвидено е да се реализираат типизирани предавања во основните училишта посветени на грижата за старите лица. Распишан е награден конкурс за ликовни и литературни творби на тема “БАБА И ДЕДО КОИ ГИ САКАМ” на кој ќе учествуваат ученици од прво до четврто одделение од сите основни училишта во Охрид и Дебарца.

Распишан е конкурс за избор на најстар жител / жителка, брачен пар кој е најдолго во брак и најстар член-активист на Црвен крст Охрид. Во текот на Неделата на грижа за старите лица, младите активисти на Црвен крст Охрид ќе реализираат посети во Геријатриското одделение при Општата болница- Охрид и во Сојузот на пензионери во Охрид при што, низ пригодна програма ќе се дружат  две генерации.

А. Ристоска