Активностите се насочени кон информирање и едукација на различни целни групи, особено младите со фактите за оваа заразна болест и начините на заштитата од неа. Во тие рамки на 24.03.2010 (среда) на градскиот плоштад “Чинар” од 12:00 ч. ќе биде поставен штанд каде активистите ПИЕР едукатори за туберкулоза и лекари на Црвен крст Охрид ќе делат едукативни материјали и даваат корисни совети за ТБ со цел јавно да се информира населението за светскиот ден на туберкулозата.
Истиот ден со почеток во 20:00 ч., во просториите на Црвен крст Охрид ќе биде реализирана работилница на која од страна на стручен тим ќе се одржи предавање за причинителот, симптомите, откривањето, заштитата и третманот на ТБЦ, како и за поврзаноста на болестите на зависност со туберкулозата и ХИВ-инфекцијата.