Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид и Јавната Установа Национален парк „Галичица“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на паркот, денеска  организираат показна вежба на спасување според соодветно сценарио (спасување на параглајдерист настрадан во незгода).

Вежбата се одржува во близина на Спасителната станица на Црвен крст  Охрид, на превојот на врвот од патот Охрид – Отешево.

Во одбележувањето на петдецениското постоење на Националниот парк „Галичица“ ќе бидат организирани повеќе активности, меѓу кои и Конференција  за заштита на природното богатство во границите на паркот. 

Ohridnews