Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид и Јавната Установа Национален парк Галичица, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на паркот, денеска изведоа показна вежба на спасување според соодветно сценарио (спасување на параглајдерист настрадан во незгода).
Вежбата се одржа во близина на Спасителната станица на Црвен крст Охрид, на превојот на врвот од патот Охрид – Отешево.
Покрај вработените во паркот и активисти на Црвениот крст, присуствуваа и претставници од центарот за управување со кризи, противпожарната бригада, граничната полиција, како и од секторот за внатрешни работи од Охрид.
Ohridnews