Македонската асоцијација на интернационални водачи во планина во чиј состав успешно е вклопен и Црвениот крст од Охрид иако постои веќе пет години од ноември минатата година стана член на меѓународното семејство на водачи на планина.
Асоцијацијата е единствена во Македонија која ги обединува, ги обучува, им издава меѓународни лиценци и им врши контрола на водачите на планина.
„Охридскиот Црвен крст како дел од оваа организација е подготвен да одговори на потребите на туристичките работници кои го промовираат планинскиот туризам“, вели секретарот, Антонио Додевски.
Комплетната и современа планинарска опрема, Црвениот крст заедно со Македонската интернационална асоцијација за водачи на панина ја презентираа и на Вториод меѓународен саем за туризам што од 17 до 20 јануари се одржа во Охрид.
Ohridnews