Со стапувањето на сила на Третиот протокол од Женевската конвенција движењето на Црвениот крст во иднина покрај веќе постоечките Црвен крст и Црвена полумесечина, како заштитен амблем ќе го користи и Црвениот кристал. Овој заштитен амблем ќе се употребува во подрачјата каде има верски конфликти со што  ќе се манифестира неутралноста на интернационалното хуманитарно движење.

Усвојувањето на Црвениот кристал ја зајакнува одлучноста на Меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумесечина да ја консолидира својата универзалност со што ќе ја зајакне својата сила и кредибилитет. Со отворањето на нови можности за заштита и идентификација на Националните друштва и државите кои сакаат да го користат Црвениот кристал, Третиот Протокол ја истакнува обврската на Движењето за неутрална и независна хуманитарна акција. Крајната цел е да се подобри заштитата на сите на кои им е најпотребна, без разлика дали тие се корисници на хуманитарна помош или пак лица кои имаат желба да помогнат, се вели во соопштението на меѓународната хуманитарна организација.