Црвен крст Охрид во соработка со ЈП “Билјанини извори” утре  со почеток во 10 часот ќе организира показна вежба на евакуација од спортската сала “Билјанини извори”, според одредено сценарио.

Вежбата има за цел да ја покаже подготвеноста на субјектите одговорни за безбедноста при одвивање на масовни манифестации во затворени објекти во случај на инцидентни ситуации навремено и ефикасно да делуваат.

На вежбата Ќе учествуваат соодветни тимови на Црвен крст Охрид, СВР Охрид, Царинската управа, противпожарната бригада, агенција за обезбедување “Питон ”, Итната медицинска помоШ и вработенте  во ЈП ” Билјанини извори “.
Оваа активност се спроведува  во рамките на програмата на Црвениот крст  за подготвеност и дејствување при катастрофи, а како подготовка за претстојното Европско првенство во ракомет за жени.

Ohridnews