Крајот на годината, традиционално е време кога Црвениот крст организира предновогодишни средби со соработниците, на која се сумираат резултатите од сработеното во претходните 12 месеци, а се креираат и идеи за понатамошно делување на оваа најголема хуманитарна организација во светот.

Општинската организација на Црвениот крст од Охрид утре во своите простории со почеток во 13 часот ќе организира среба со волонтерите, активистите, соработниците и пријателите.

Ohridnews