На свеченост што по повод Денот на крводарителството во Македонија,  денеска  ќе се одржи во х. „Ривиера“, Црвениот крст – Охрид ќе им додели признанија на заслужните крводарители, поединци и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството во градот.

Охриѓани со хуманоста која ја покажаа и во минатата година  спасија многу човечки животи, велат од Црвениот крст – Охрид.

Оттаму информираат дека минатата година  со организирање на редовни и вонредни крводарителски акции биле  реализирани 2456 дарувања крв, односно предвидениот план бил надминат и реализиран со 135 %.

ohridnews