Во тек е конкурсот за избор на најстар жител во Охрид и Дебрца и за брачен пар со најмногу години во брак што го распиша Црвениот крст од Охрид.
На конкурсот можат да се пријават жителите од Охрид и Дебрца кои треба да ја докажат својата возраст или годините поминати во брак преку соодветен документ.
Пријавите со лични податоци, адреса на живеење и фотокопија на соодветен документ треба да се испратат во Црвен крст Охрид.
Најстариот жител/жителка на Охрид или Дебарца и брачниот пар со најмногу години во брак, во текот на Неделата на грижа за стари лица, од 17-23 ноември Ќе бидат посетени од страна на младите активисти на Црвен крст Охрид, кои ќе им поделат соодветни подароци.
Конкурсот е отворен до 15 ноември.
Ohridnews