Во рамките на заедничките активности на Црвен крст Охрид, Територијалната противпожарна бригада Охрид и Операција Флоријан, Манчестер, Англија, во делот на безбедност на вода и протипожарна заштита, утре со почеток во 12:00 ч., на старото пристаниште ќе биде реализирана показна вежба на гасење пожар, спасување на патници од опожарен пловен објект и укажување на прва помош и реанимација.
Вежбата има за цел да ја покаже подготвеноста и заедничкото делување на субјектите одговорни за безбедност на вода и противпожарна заштита на Охридското езеро.
На вежбата ќе учествуваат соодветни тимови на Црвен крст Охрид, Противпожарна бригада Охрид, и инструктори од Операција Флориан.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com