Во рамките на активностите од ПХВ проектот (промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција) за помош на ранливи категории на луѓе, младите од охридскиот Црвен крст организираа собирна акција на играчки наменети за децата кои се лекуваат во болницата Св. Еразмо и детското одделение при Општа болница Охрид.
Од 11-13 април на осум пункта во градот, од нашите хумани сограѓани, беа донирани неколку стотини најразновидни играчки, кои младите активисти на Црвен крст Охрид, на 16 април им ги поделија на децата во болницата Св.Еразмо и Детското одделение при Општа болница Охрид.
Дел од играчките во текот на месец април ќе бидат поделени на децата со посебни потреби и на децата од сиромашните семејства.