Уметникот Моли Дилворт ги слика покривите од зградите во Њу Јорк за да можат нејзините слики да се гледаат од вселената и на популарната страница Google earth. На оваа идеја дошла минатата година и оттогаш насликала три покриви, а меѓу нив и врвот на галеријата Хендершот.


Вели дека сака да наслика места на кои нешто се случува, и додава дека се плаши од висина и додека слика мора да се бори и со оваа фобија. За своите дела бара силни бои кои би се гледале и од вселената.