Лицата кои неделно консумираат најмалку три чаши црно вино за 68 отсто имаат помал ризик да заболат од рак на дебелото црево, тврдат американските научници.

Истражувањето спроведено на њујоршкиот универзитет исто така покажало дека белото вино нема такво дејство. Резултатите се темелат на испитувањето на 1.741 лица.

Постари истражувања укажуваат дена консумацијата на црно вино е поврзана со намалување на изгледите за развој на леукемија, рак да дојка и рак на простата.

Научниците веруваат дека позитивното влијание на црното вино се темели на ресвератолот и другите антиоксиданси од групата на полифенол.

Нивото на ресвератолот кај црното вино е многу поголемо, отколку кај белото, а причина за тоа е различниот процес на производство на овие две вина.

Маја Георгиоска