Црното вино има голем број љубители кои постојано се изненадени од некоја нова вест за корисните или штетните ефекти врз здравјето, но ова последно истражување спроведено во Шпанија сеуште не нашло ниту еден противник.

Имено, научниците од шпанскиот национален совет за истражување, тврдат дека црното вино е одлично за оралната хигиена поради своите состојки кои го забавуваат растот на бактерии кои предизвикуваат кариес, и на тој начин ги штитат забите.

Истражувањето покажало дека луѓето кои редовно умерено консумираат црно вино имаат поздрави заби во средната и постарата возраст, што е одлична вест бидејќи кариесот, разните болести на непцата и губење на забите го погодуваат, според некои проценки, и до 90% од населението.

Црното вино нема во целост да ги убие бактериите кои создаваат биофилм на забите кој ќе доведе до кариес, но значително ќе го намали нивното делување, што со редовна орална хигиена би требало да ги спречи проблемите со забите.

 

извор:metro-portal.hr