Црногорскиот државјанин Миодраг Марковиќ, замешан во сомнителна купопродажба на акции на „ЕМО“ од Охрид, вчера, на почетокот од судењето во Кривичниот суд во Скопје, негирал дека е виновен за даночно затајување, пишува денешен „Дневник“. Бизнисменот се товари дека, преку својата фирма „Арарат“, со сомнителни трансакции купил 36 отсто од акциите на охридски „ЕМО“.

Црногорецот пред околу пет месеци беше екстрадиран од Србија, каде што бил уапсен по распишаната меѓународна потерница од Македонија. Во моментов тој е во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Обвинетиот вчера тврдеше дека не знае за што е обвинет и дека немало никаков криминал во случајот со купените акции. Според Марковиќ, акциите биле купени на берза и се’ било легално. Тој се бранеше дека поседува документ за оставинска постапка со кој во 1999 година наследил 12 милиони марки, од кои дел вложил во Македонија.

“ДНЕВНИК“