Женската ракометна репрезентација со пораз од Црна Гора 21-14 (12-8) ги започна натпреварите во квалификациите за Европското првенство.


Избраничките на селекторот Симе Симовски иако претрпеа пораз им пружија солиден отпор на репрезентација која години наназад е во самиот врв од европскиот и светскиот ракомет.

Одбраната на „црвено жолтите“ имаше одличен меч против црногорките додека тотално потрфрли нападот кој мака мачеше и со ударите од седум метри.

Во вториот натпреварод квалификациите за ЕП, Македонија ќе се сретне со Хрватска во сабота на домашен терен. 

Фото : Архива

Ohridnews