Практиката да се одбележуваат европските и светските позначајни датуми продолжува. Младинскиот СОвет на Охрид ќе се вклучи во Европската кампања за различност, човекови права и партиципација со хепенинг под мотото „Црно и бело“.

Манифестацијата ќе започне денеска во 12:30ч. на пладне на плоштадот „Свети Кимент Охридски“ а во нејзини рамки ќе бидат изложени производи направени во креативните работилници на советот. Во 13 часот ќе се одржи  марш од плоштадот „Чинар“ до плоштадот „Свети Климент Охридски“,а половина час подоцна ќе започне и музичко-сценскиот перформанс.

Организаторите најавуваат настап на повеќе охридски рок бендови.

Ohridnews