Близначките Кијан и Реми се родени само минута разлика и се редок медицински феномен, односно Кијан е црна, а Реми е плавооко девојче со бела боја на кожата. Овој редок медицински феномен се случува еднаш во милион случаи, а објаснувањето за истиот е што постојат различни наследни фактори кои учествуваат во создавањето на бојата на кожата. Кога би ги сретнале по улица би помислиле дека се работи за две девојчиња-другарки. Заеднича работа им е неодоливата насмевка, а во текот на овие седум години колку што и всушност имаат години ниту еднаш не се запрашале зошто се толку различни, туку за нив е доволна онаа врска која е карактеристична само за близнаците. „Тие се совршен пример како би требало да изгледа светот“ вели за Дејли Мејл нивната мајка Кајли, која додава: „Нив кожата не ги интересира, иако многумина во тоа гледаат проблем“.

Од самото нивно раѓање, Кејли забележала разлики, а како што растат девојчињата се се поразлични. „Луѓето ме прашуваат зошто ги облекуваш исто?“ а јас на тоа одговарам „ Затоа што се близначки“, а потоа ги оставам во прашалници. „Ме нервира кога објаснувам“ вели мајката на девојчињата. Двете девојчиња се многу поврзани една со друга, но нивните карактери и интереси се различни толку многу како и нивната боја на кожа. „Многу се блиски“ вели Кејли, „Тие се најдобри другарки, се обожаваат“.