Едноставни, женствени, практични и спремни за секоја комбинација, класичните црни високи потпетици се секогаш добра инвестиција.
Некаде на врвот од листата на најголеми модни класици, веднаш по неприкосновениот мал црн фустан, без оглед на сезоната и диктатите од модните писти, се сместени едноставните и незаменливи “мали“ црни високи потпетици.
Речиси секоја жена која држи до себе, во орманот има барем едни. Не постои поблагодарен тип облека, особено кога се во прашање нешто поформални и посвечени пригоди. Женствени и ефектни, класичните црни високи потпетици одговараат на секоја комбинација, и тоа е една од главните причини за нивниот култен статус во светот на модата.
Баш такви оваа есен може да пронајдете и на полиците од шпанскиот бренд Бершка. Ве чекаат на потпетици од 12 цм, и платформа со висина од 2 цм, а цената им е сосема солидна.
извор:cromoda.com